Во Владата на Република Македонија, потпишан е Договорот за „Проширување и доградба на ООУ„Даме Груев“ Градско со нов образовен објект“.
Со цел да се задоволат современите педагошки нормативи и стандарди и за да може да обезбеди едносменско работење, но и дополнителна настава и воспитување на децата ќе се изврши изградба на сосем нови шест простории, просторија за наставници, тоалети и просторија за технички персонал.



