Потпишани се два договори за реализација на предлог-проекти.
Со првиот ќе се изврши набавка на специјален камион – цистерна со капацитет од 3500 литри, со намена одзатнување на шахти, перење на улици, противпожарно возило. Возилото ќе биде предадено на ЈКП„Клепа“, но покрај за потребите на општината ќе може да го користат и жителите.
Со вториот ќе се реализира реконструкција на две улици, едната во Виничани, а другата во Ногаевци.

