Поставена новата платформа euslugi.gradsko.gov.mk!

217
На веб страната на општина Градско www.gradsko.gov.mk е поставена платформа за давање на услуги. Со воведување на дигитализацијата на услуги ќе се обезбедат брзи и квалитетни услуги за граѓаните без потреба за нивно физичко присуство.
Нашата општина на оваа дигитална платформа ќе ги понуди следните услуги:
1.Издавање на извод од урбанистички план;
2.Издавање на потврда за катастарска парцела;
3.Издавање потврда за усогласеност на Стратегијата за локален еконосмки развој;
4.Прибирање на документи за Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на општина Градско;
5.Издавање потврда за точна адреса, промена на улица и куќен број;
6.Пријавување на проблем од секој аспект, каде општината има ингеренции.
Средствата се обезбедени од УНДП и Бирото за регионален развој со поддршка на Вардарскиот планскиот регион.