Во соработка со ООУ„Даме Груев“ се постави модерна тартан подлога на спортското училишно игралиште во селото Виничани. Оваа подлога е погодна за спортување и играње за сите ученици од ова подрачно училиште, но и за останатите возрасти на деца од населеното место.