Панел дискусија “Превенција и заштита од родово базирано насилство: онлајн и офлајн”!

28
Како дел од активностите по повод 16 Декември – Ден на општина Градско, а со поддршка на Мрежа Стела, ЛАГ Агро Лидер, Организација на жени – Велес, Националната мрежа против насилство на жените и семејно насилство, Француската амбасада и претставници од СВР Велес, се одржа панел дискусија “Превенција и заштита од родово базирано насилство: онлајн и офлајн” дел од кампањата 16 дена активизам против родово базирано насилство.
Целта на оваа панел дискусија беше да се стави фокус на активното ангажирање на жените и девојчињата во препознавањето и справувањето со различните форми на родово базирано насилство и формите на дигитално родово-базирано насилство како и заштита од истите.