Објект 7 „Кокичиња” во општина Градско на ул. „Александар Македонски” бр.68 во Градско, со капацитет од 50 деца. Во моментов престојуваат 45 деца, 20 машки и 25 женски деца во 2 хетерогени групи.
Згрижувањето и воспитувањето на деца од предучилишна возраст е облик на заштита на децата кој како дејност се организира за згрижување, престој, нега, исхрана, воспитно-образовни, спортско-рекреативни, културно-забавни активности, мерки и активности за подобрување и зачувување на здравјето и за поттикнување на интелектуалниот, емоционалниот, физичкиот, менталниот и социјалниот развој на детето до 6 години живот, односно до вклучување во основото образование.
Раното учење и развој кај децата до 6 годишна возраст претставува основа за понатамошен успех во рамките на развојот на детето.
Стимулативниот амбиент и средината овозможуваат позитивни искуства и желба за професионален пристап кон раното учење и развој на децата до 6 годишна возраст и можност секое дете активно да се вклучи во стекнување на вештини и искуство.