Отворен е Регионалниот центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство „Шепа“

54
Еден од најгорливите проблеми на локалната заедница се бездомните животни. Со голема ангажираност на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион и соработка со сите општини што му припаѓаат, денес се отвори Регионалниот центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство.
Овој центар ќе ги згрижува бездомните миленици и животни и од нашата општина, ќе врши стерилизација, вакцинација, лекување и домување. Центарот е отворен на територија на општина Кавадарци со финансиска поддршка од сите општини од регионот.