Отворена првата сензорна градина изградена во склоп на ООУ„Даме Груев“

1774

На иницијатива на две наши сограѓанки (Катерина Димова и Теодора Јованова) финансиски помогнати од Форумот – Центарот за стратегиски истражувања и документација и Програмата на USAID за граѓанско учество денес 26.06.2019 год., се пушти во употреба „Сензорната градина“ , прва градина од ваков тип која е изградена во склоп на основно училиште во нашата земја.
Општина Градско со сите сили финансиски, логистички и со човечки ресурси помогна да се реализира оваа градина.
Градината е наменета на децата со типичен развој за поттикнување на нивните сетила, нивниот развој, но ќе биде и од голема полза за децата со атипичен развој за созревање на личните способности, надградба на физичките вештини и овозможување на широк спектар на сетилни искуства за подобра стимулација.