Општина Градско организира хуманитарна акција за најранливите категории!

1287

Денес прв на апелот за донирање на финансиска помош или неготвена храна се пријави г-дин Сеад Реч на кој му изразуваме голема благодарност за донираните 150 пакети храна за социјално најзагрозените семејства во општина Градско!
Имено општина Градско на денешната седница на Општинскиот кризен штаб упати апел до сите општествено одговорни компании, правни и физички лица за донирање на финансиска помош или донирање на неготвена храна (конзервирана, пакована со подолг рок на траење) на социјално најзагрозени семејства и лица кои што ја изгубиле својата работа како последица на настанатата ситуација со коронавирусот (Ковид-19).
Општината утре ќе ја објави жиро сметката на која ќе може да се уплаќа финансиската помош!
Домот на културата “Крсте Петков Мисирков” е одреден за пункт за собирање на донираните продукти.
Од денес и наредните денови ќе се врши дистрибуција на храната според податоци од Центарот за социјални работи.