Општина Градско се искачи на 8-то место согласно Извештајот за Индексот на отвореност на општините за 2023 година каде истиот ја прикажува актуелната состојба на транспарентноста, правичноста и отчетноста во буџетските процеси
на општините во Република Македонија.
Индексот претставува објективна алатка за проценка на нивото на отвореност на локалната власт, врз основа на три клучни димензии –
транспарентност, вклученост и правичност, и отчетност – кои се анализирани преку податоци собрани со Анкетата за отворени општини (АОО) за фискалната 2023 година.
