Општина Градско корисник на средства од Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2021 година!

674
Општина Градско и оваа година доби средства преку Програмата за Енергетска ефикасност – За намалување на аерозагадувањето за 2021 година од Владата на Р.С.Македонија во висина од 1.562.792,00 денари за замена на надворешни и внатрешни прозорци и врати за следните објекти:
1. Училиште во с.Подлес
2. Амбуланта во с.Долно Чичево
3. Објект ЈКП “Клепа” Градско
4. Објект “Стара општина” во Градско
Општина Градско има намера објектите во Подлес и Долно Чичево да ги адаптира во Планинарски домови и да ги издаде под закуп во електронска постапка на надавање на Здруженија каде сите планинари, рекреативци, ловџии и др., ќе може да ги користат за сместување и престој.