Општина Градско доби грант од Светска банка!

1770

Општина Градско денес доби техничка документација за изградба на локални улици и патишта во општината.
Техничката документација беше изработена преку Проектот за подобрување на општинските услуги МСИП, финансиран од Министерство за финансии и Светска банка.
Техничката документација се состои од реконструкција на две локални улици во Градско – пристапната улица Јане Сандански до населба Стопанство и новата Обиколница и реконструкција на локалниот пат од регионален пат Р1102 (од надвозник до центар) до с. Виничани со вкупна должина од 3 км.