Општина Градско добива ново улично осветлување со ЛЕД светилки!!

873

Следниот период општина Градско ќе започне постапка за замена на уличните светилки, со ново улично осветлување со ЛЕД светла кои се енергетски ефикасни, подолготрајни и погодни за зачувување на животната средина. Еден од позначајните моменти е што покрај замената на веќе постоечките, ќе се постави нова линија со улични лед светилки со високи столбови 10 метри од клучка “Стар мотел” до “Винарија Стоби” во должина од 2.300 метри со која ќе се осветлат темните зони и ќе се подобри осветлувањето во централното подрачје (од Полициска станица до сервис Џони и кај излез за с.Уланци) каде ќе има двојни светилки!
Станува збор за проект поддржан од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) кој ќе се изведува по ЕСКО модел на јавно-приватно партнерство.
ЕСКО моделот предвидува развој, изведба и финансирање на проектот со цел да се подобри енергетската ефикасност и намалат трошоците за електрична енергија и одржување.
Отплатата на инвестицијата ќе се врши исклучиво преку остварената заштеда на енергија во следните дванаесет години при што Општината нема да има дополнителни трошоци и оптоварување на општинскиот Буџет.
Во општина Градско ќе се заменат вкупно 824 сијалични места во целата општина и ќе се постават нови 72 на магистралната улица Александар Македонски со што центарот на Градско ќе добие урбан и модерен лик. Емисијата на штетни стакленички гасови ќе се намали за 50%, а комплетното финансирање, изведбата и реализацијата на проектот ќе ги сноси компанијата што ќе биде избрана на јавниот оглас.
Со ова се докажува дека општина Градско доследно ги следи позитивните примери на ЕУ, на развојот на Регионот и континуирана примена на енергетската ефикасност секаде каде за тоа постојат можности.