Одржана третата форумска сесија!

70
Денес, 21 декември 2023 година, се одржа Третиот форум во заедницата на кои се презентираа осумте предлог-проекти, кои што граѓаните – работните групи ги изработија.
Форумите во заедницата, Општина Градско ги спроведува во соработка со УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка во рамки на Проектот: „Зајакнување на општинските совети“. Програмата „Зајакнување на општинските совети- Фаза 2“ ја финансираат Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа, а ја кофинансира и спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со национални и локални партнери.