Во рамките на програмските активности, а со цел да се обнови возниот парк на ЈКП “Клепа”, Општина Градско набави ново специјално возило – цистерна, со намена за чистење на канализација, чистење на јавно-прометните површини, како и за интервенции при настанување на пожари.
Оваа инвестиција се реализира благодарејќи на ангажирањето на Директорот на Центарот за развој на Вардарски плански регион, Г. Зоран Јаневски и Директорот на Бирото за регионален развој, Г.Амет Имери.
Со континуирано вложување во нови технички средства, директно придонесуваме за подобри услови за живот во нашата заедница и повисок степен на јавните услуги.
Возилото ќе стои на располагање на сите жители на општината кои би имале потреба од него.

