Новогодишна магија создадена од првачињата за сите ученици во ООУ„Даме Груев“!

32
Учениците од I одделение ни подарија прекрасна новогодишна претстава, полна со насмевки, детска радост и искрена возбуда.
А кога се појави Дедо Мраз, радоста стана уште поголема – со многу љубов и топлина подели новогодишни пакетчиња за сите ученици.
Овие моменти се потсетник дека најубавиот подарок е детската среќа и заедништвото.
Среќни и топли новогодишни празници!