Новогодишните празници се најубави кога радоста ја делиме со сите.
Со многу љубов, насмевки и искрени желби, денеска го одбележавме празничниот дух заедно со лицата со посебни потреби. Нивната радост, искрените прегратки и топлината што ја споделивме нè потсетија дека вистинската магија на Новата година е во хуманоста, разбирањето и заедништвото.
Да продолжиме да градиме општество во кое секој е прифатен, почитуван и еднакво важен. Затоа што празниците имаат смисла само кога никој не е заборавен.

