Општинскиот кризен штаб на општина Градско ја разгледа новата состојба со рапидно зголемување на бројот на заболени со коронавирус во соседната општина Велес (59 заболени и 3 починати) и донесе заклучок за превентивни мерки за спречување на ширење на коронавирусот на територија на општина Градско:
– Сите вработени лица што работат во приватни фирми и јавни институции од Велес на територија на општина Градско да ги почитуваат мерките за заштита при патување и обавезно да носат заштитна маска и ракавици на работните места, истото важи и за вработените од Градско и другите населени места кои работат во фирми и институции во Велес.
– Фирмите и јавните институции на територија на општина Градско редовно да вршат дезинфекција на превозните средства и работните простории и да проверат дали нивните вработени имале контакти со новозаболените лица со коронавирус од Велес и да го известат Кризниот штаб.
– Исто така апелираме до сите наши сограѓани кои што треба да отидат во Велес за било каква потреба (административни работи по институции, маркети и сл. да носат заштитни маски и ракавици)
Во општина Градско НЕМА заболени лица со коронавирус.