Надлежности

Органи на Општината се: Совет на Општината и Градоначалник на Општината (во понатамошниот текст: Совет и Градоначалник).

Надлежности на Советот

Советот е претставнички орган на граѓаните.
Советот го сочинуваат 9 (девет) членови – претставници на граѓаните избрани на општи, непосредни и слободни избори со тајно гласање. Мандатот на членовите на Советот трае 4 (четири) години.
Членот на Советот не може да биде отповикан.

Советот избира претседател од редот на членовите на Советот, со мандат од четири години.
Претседателот на Советот ги свикува и раководи со седниците на Советот, се грижи за организацијата и работата на Советот , ги потпишува прописите што ги донел Советот и во рок од 3 (три) дена од денот на нивното донесување ги доставува на Градоначалникот заради објавување.
Претседателот на Советот го претставува Советот.

Членовите на Советот даваат и потпишуваат свечана изјава која гласи:
Јас (име и презиме) свечено изјавувам дека правата и должностите на член на Советот ќе ги вршам совесно и дека при нивното вршење ќе ги почитувам Уставот, законот, прописите на Советот и дека ќе го штитам уставниот поредок на Република Северна Македонија.

Советот на Општината ги врши следните работи:

  • Го донесува Статутот на општината и други прописи;
  • Донесува Буџет на општината и годишна сметка на општината;
  • Ја утврдува висината на сопствените извори на приходи за финансирање на Општината, во рамките утврдени со Закон;
  • Основа јавни служби во рамките на надлежноста на Општината и врши надзор над нивната работа;
  • Именува членови во управните одбори на јавните служби, кои ги основа;
  • Усвојува програми за работа и финансиски планови за финансирање на јавните служби, кои ги основала Општината;
  • Ги усвојува извештаите за извршување на Буџетот и Годишната сметка на Општината;
  • Одлучува за давање дозвола за вршење дејност од јавен интерес од локално значење, во согласност со Закон;
  • Ги усвојува извештаите за работата и годишните сметки на јавните служби, кои ги основала Општината;
  • Одлучува за начинот на располагање со сопственоста на Општината;
  • Одлучува за начинот на вршење на финансиска контрола на Буџетот на Општината, во согласност со Закон;
  • Врши и други работи.