Митрополитот Повардарски во посета на општина Градско!

402
Во посета на општина Градско беше Неговото Преосвештенство Митрополитот Повардарски Агатангел. Целта на неговата посета беше изнаоѓање на решенија за проблемите со кои се соочуваат жителите на општина Градско. Во наскоро време ќе го надминеме проблемот со недостиг на гробни места и неопходната потреба од изградба на капела. На средбата исто така се разговараше и за тековните активности поврзани со изградбата на новата црква во Градско „Св.Апостол Павле“.