Успешно заврши второто издание на кошаркарскиот турнир „Градско 3×3“, кое и оваа година донесе одлична кошарка, спортски дух и прекрасна атмосфера.
Упатуваме искрена благодарност до сите екипи за учеството, до публиката за поддршката, како и до организаторите, судиите, волонтерите и сите кои придонесоа овој настан да биде успешно реализиран.
Честитки до победниците, Сендвичара Круг од Ниш (Република Србија), на сите учесници им посакуваме многу успех и нови спортски предизвици. Се гледаме повторно следната година на уште подобро издание на „Градско 3×3“!

