ООУ„Даме Груев“ Градско подготвено за комбиниран модел на настава!

1526
Советот на општина Градско како основач на Општинското Основно Училиште “Даме Груев” Градско, поднесе Барање до “Комисијата за разгледување на поднесени барања за започнување на настава со физичко присуство”, која имајќи ја во предвид епидемиолошката состојба во регионот, вкупниот број на ученици, хигиенско санитарните услови, просторни капацитети и други индикатори согласно усвоениот План и Протокол од страна на Владата на РСМ, ја донесе следната одлука:
-НАСТАВА СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО да се реализира во следните одделенија:
1.ПУ с.Виничани од четврто до деветто одд.
2.ПУ с.Ногаевци за четврто и петто одд.
3.ПУ с.Водоврати за четврто и петто одд.
4.ПУ с.Кочилари за четврто и петто одд.
-ОНЛАЈН НАСТАВА да се реализира за учениците од:
Од четврто до деветто одд. во централното училиште ООУ “Даме Груев”, Градско
-НАСТАВА СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО задолжително ќе изведуваат сите ученици од прво до трето одделение согласно претходно донесенета одлука на владата на РСМ.
Согласно добиените протоколи ООУ“Даме Груев“ максимално е подготвено за организирање на комбиниран модел на настава односно за настава со физичко присуство и за настава преку учење во далечина со искористување на просторните и кадровите капацитети.