Од сабота 04.04.2020 год. во Градско ќе има само зелен пазар!

1448

Поради состојбата со коронавирусот и зголемената потреба од снабдување со прехрамбени продукти на населението Општинскиот кризен штаб ги известува граѓаните на општина Градско дека ПАЗАРОТ ВО ГРАДСКО ВО САБОТА 04.04.2020 год. ЌЕ РАБОТИ САМО КАКО “ЗЕЛЕН ПАЗАР”.
На тезгите кој ќе бидат на растојание на 20 метри една до друга ќе се продава само зеленчук, овошје и прехрамбени продукти.
Пазарот ќе работи секоја Сабота како зелен пазар.
Да се воведе задолжителна редарска служба.
Продавачите задолжително да носат ракавици и заштитни маски.
Да се почитуваат препораките на Владата за држење минимум растојание од 2 метри помеѓу купувачите и продавачите и купувачите меѓусебе.
По завршување на работниот ден задолжително да се дезинфекцира целата површина на пазарот.
На неколу тезги секојдневно ќе биде дозволено да се продава зеленчук, овошје и прехрамбени продукти.