Известување од Градоначалникот Бешовски!

1581

Упатувам апел до сите наши сограѓани во општина Градско кои пристигнуваат од странство да ги почитуваат мерките на самоизолација!

– Полициската канцеларија во Градско ќе ги контролира сите вратени сограѓани дали ги почитуваат мерките на самоизолација!
– Со најновите мерки сите наши државјани кои влегуваат во земјава од било која држава без разлика на степенот на ризик треба да потпишат изјави за самоизолација и да се самоизолираат 14 дена.
– Доколку не го направат тоа може да одговораат кривично а може да бидат уапсени.
– Според членовите 205 и 206 од Кривичниот законик казните може да бидат парични или три години затвор!
– Ги повикувам граѓаните кои ќе забележат случаи на непочитување на мерките истите да ги пријават во полиција!

☎️ 043251022 ПК Градско
☎️ 192

Градоначалник на општина Градско,
Роберт Бешовски