Известување за земјоделците од општина Градско!

413

Општина Градско ги известува сите земјоделци кои делуваат на територија на општината, дека организира посета на 89-от Меѓународен саем за земјоделство, во Нови Сад, Република Србија на 21 и 22 мај 2022 година. На саемот ќе учествуваат меѓународни производители и компании од агросекторот, локални и меѓународни производители на земјоделска механизација како и многу индивидуални земјоделци.
Превозот и влезницата за саемот ќе бидат надоместени од страна на општината, додека ноќевањето со вклучен појадок е на товар на лицето и чини 1.500,00 денари.
Сите заинтересирани лица да се пријават во општина Градско најдоцна до 09.05.2022 година.
За реализација на посетата потребни се минимум 20 лица или максимум 50 лица.
Доколку биде надмината максималната бројка, предност имаат првопријавените.