Заштитено внатрешно пријавување

Врз основа на член 4 став 2 и 3 од Законот за заштита на укажувачи („Службен весник на Република Македонија“ бр.196/15, 35/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.257/20), а во врска со член 2 став 1 и член 3 од Правилникот за заштитено внатрешно пријавување во институциите во јавниот сектор („Сл.весник на РМ“ бр.46/16), овластено лице за прием на пријави од укажувачи доставени заради заштитено внатрешно пријавување во општина Градско е:

КИРО НАЦКОВ – Градоначалник на општина Градско

Е-mail: ukazuvaci_gradsko@yahoo.com

Телефон: (043) 251 522

Општина Градско

ул.„ Александар Македонски“ бр.70 А

1420 Градско

Република Северна Македонија

НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ:

Укажувачот, со добра намера врши заштитено внатрешно пријавување со поднесување на пријава:

– во писмена форма (лично или препорачано по пошта)

– по електронски пат преку електронско сандаче, или

– усно на записник пред овластеното лице

Пријавата во писмена форма или усно на записник укажувачот ја поднесува до овластеното лице во текот на работното време.

Укажувачот не е должен да ја докажува добрата намера и вистинитоста на поднесената пријава.

Регулативи за заштитено внатрешно пријавување:

Упатство за прием на пријави од укажувачи

Правилник за заштитено внатрешно пријавување во институциите во јавниот сектор

Закон за заштита на укажувачи