Како дел од градежната сезона, денес започна Реконструкцијата на локалниот пат Градско-Долно Чичево во должина од 500 метри.
Oвој патен правец ќе се реконструира со средства од Бирото за регионален развој преку Центарот за развој на Вардарски плански регион со вкупна вредност од 6.062.545,00 денари. Изведувач на градежните активности е Друштвото за производство, трговија и услуги ОСД Кирил ДООЕЛ експорт-импорт Скопје.
Општина Градско учествува со 700.000 денари во вкупната вредност.