Започна изградбата на улицата бр.1 во селото Ногаевци!

461
Општина Градско стартуваше со изградба на улица бр. 1 во с.Ногаевци со должина од 254 метри со вредност 1.699.289,74 денари.
Средствата се обезбедени од програмата ТАВ за поддршка на инфраструктурни проекти. Напоредно со улицата се прави нова линија за водоснабдување во должина од 140 метри. Жителите на село Ногаевци ќе добијат квалитетна патна и комунална  инфраструктура.