Со сечење на асфалтот, започнаа реконструктивните активности на фаза 1 и фаза 3 од улицата „8 Септември“ во Градско. Должината на фаза 1 изнесува 440 метри, а должината на фаза 3 е 140 метри. Реконструкцијата опфаќа реконструирање на нов асфалтен слој и поставување на нови бекатон плочки на тротоарите.