Од денес започна реализацијата на бесплатните физиотерапевтски услуги, прилагодени на индивидуалните потреби на граѓаните. Стручниот тим обезбедува професионален пристап и целосна поддршка со цел подобрување на здравјето и квалитетот на живот.
Од следниот четврток започнува и услугата за домашна посета на неподвижни лица, со што грижата ќе им биде достапна и на оние кои не се во можност да дојдат лично.
Во рамки на активностите, од 1 март ќе се обезбедува и психолошка поддршка, насочена кон зајакнување на менталната благосостојба и полесно справување со секојдневните предизвици.
За повеќе информации и закажување термин обратете се на: 076/250-299
Заедно градиме похумана и погрижлива средина за сите!

