Донација од Јапонскиот народ за општина Градско!

681
Денес во посета на општина Градско беше Г-дин Такахаши Сатору со неговата сопруга, претставник од Јапонската амбасада.
Направивме примопредавање на специјализираното возило – трактор со додатна механизација во вредност од 40.178 евра, донација од јапонскиот народ преку GGP Грант програмата за мали проекти и човекова безбедност.
Помошта пристигна во вистински момент затоа што возниот парк на нашето јавно претпријатие беше во навистина незавидна состојба, со застарени и амортизирани возила кои не ги задоволуваат потребите и динамиката на работа.
Со набавка на возилото се овозможи нормално фунционирање на општината во областа на комуналните дејности.
Очекуваме дека оваа средба ќе отвори простор за подолгорочна соработка на многу полиња и простор за реализација на проекти значајни за нашата општина, со што би обезбедиле подобри услуги за нашите граѓани.