Градоначалникот Роберт Бешовски, на средба со бизнис заедницата од општина Градско!

1591

Бидејќи во општина Градско се создадоа основни предуслови за поголема експанзија на економските, односно проширување на постојните и отворање на нови капацитети, севкупен развој на економијата и искористување на целиот потенцијал со кој располага општина Градско, денес, градоначалникот Роберт Бешовски, оствари средба со бизнис заедницата кои делуваат на територија на општина Градско и кои имаат потенцијал за понатамошен раст и развој, им беа предочени сите предности за инвестирање во општина Градско: инфраструктура, квалификуван кадар и поддршка од Советот на општина Градско за олеснување при инвестирање. Од страна на присутните изразен е и позитивниот ефект од зголемувањето на минималната плата.