Градоначалникот Бешовски потпиша Меморандум за соработка со Министерот за транспорт и врски Сугарески!

1537

Општина Градско денес потпиша Меморандум за соработка со Министерството за транспорт и врски, значаен проект за изградба и санација на улици и патишта.
Инвестицијата за нашата општина е вредна 620.023,00 евра.
Проектот “Изградба и рехабилитација на локални патишта” финансиран од владата со 70 милиони евра овозможува рамномерен регионален развој и еднакви можности за квалитетен живот за сите наши граѓани.
Во првата фаза на овој проект општина Градско поднесе техничка документација за 6 улици и тоа :
1. Реконструкција на крак од улица Александар Македонски (под бензиска пумпа)
2. Реконструкција на улица Панко Брашнаров и крак од улица Панко Брашнаров (бивша ул.ЈНА)
3.Реконструкција на улица Илинденска
4.Изградба на улица бр.3, во с.Виничани (локалниот пат од Р1102 до населба Лаките)
5.Реконструкција на локален пат за с.Виничани (од регионален пат Р1102 до влез на селото Виничани)
6.Реконструкција на улица Јане Сандански, во населба “Стопанство”.