Во тек се градежните работи за реконструкција на улица „Панко Брашнаров и крак од улица Панко Брашнаров“ во Градско!

505
Општина Градско отпочна со реализација на проектот „Реконструкција на улица Панко Брашнаров и крак од улица Панко Брашнаров“ со вкупна должина од 161м со атмосферска канализација во висина од 2.008.299,00 ден.
Реконструкцијата на улицата опфаќа две фази: прва фаза поставување на атмосферска канализација и спојување со атмосферската канализација на ул.„Илинденска“ во централното подрачје и втора фаза доизградба на дел од улицата со бекатон плочки која се спојува со ул.„Илинденска“ и поголем дел асфалтирање на потегот од ул.„8 Септември“ до ул.„Александар Македонски“ (Регионален пат).
Средствата се обезбедени од Буџетот на општина Градско.