Во посета на општина Градско беше Министерот за култура и туризам, Г. Зоран Љутков!

13
Го посети Манастирот Св.Архангел Михаил во с.Горно Чичево, потоа го посети ранчот на коњи, наменети за туристички тури низ природните убавини на Македонија во базата во Градско дел од проектот – Шерпа хорс рајдинг. Нивните две популарни тури Клепа и посебно Дионисис или т.н. винска тура која привлекува доста странски туристи. Во агендата се најдоа и двете Винарии во нашата општина, Винарија Стоби и Винарија Лазар и најголемиот археолошки локалитет „Стоби“.
Го запознав министерот и со состојбата на црквата Свети Атанасиј во с.Свеќани од XVII век, која заради лошите временски услови не успеавме да ја посетиме.