Водици 2026!

10
Општина Градско денес со своите жители, со гордост и силна вера ја споделивме светлината на Водици, гледајќи ги нашите храбри деца како со чисто срце и голема љубов влегуваат во студените води на Вардар, во потрага по светиот крст и божјата благодат.
Овој ден нѐ потсетува на силата на верата, заедништвото и надежта. Нека светите води донесат здравје, мир и благослов во секој дом, а храброста и добрината на нашите млади нека бидат пример за сите нас.
Посебни честитки за хуманиот гест и големото срце – донацијата на средствата за нашиот сограѓанин Христијан Лазовски, доказ дека вистинската вера се покажува преку добрина и човечност.
Честитки до сите учесници и до среќникот што го извади светиот крст.
Нека е честит, вековит и за многу години овој свет ден.
Бог се јави! Навистина се јави!