Асфалтирана фаза 2 од улицата 8 Септември!

32
Градежните активности за реконструкција на улицата ,,8 Септември – фаза 2 кои се одвиваа по однапред утврдена динамика, денес финишираат со асфалтирање на истата.
Станува збор за реконструкција на улицата во должина од 640 метри, со средства од Владата на РМ, добиени по апликација на Јавниот повик за инфраструктурни проекти за општините за 2024 година.