Амбасадорката на Јапонија, Н.Е. Кеико Ханеда во посета на општина Градско!

975

Целта на посетата беше желбата на нејзината екселенција да се запознае со општина Градско но и взаемно да го потпишеме Договорот за „Проектот за подобрување на основните јавни услуги на општина Градско“, со набавка на специјализирано возило – трактор со додатна механизација во вредност од 40.178 евра, донација од Јапонската амбасада кое ќе биде предадено на користење на ЈКП “Клепа” Градско.
Ова е прва донација за општина Градско од ваков вид со која ќе се подобри работењето ЈКП “Клепа” и ќе се прават интервенции на водоводните и канализационите мрежи, атмосферските одводни канали, транспорт на комунален отпад и чистење на диви депонии, чистење на снег на улици и локални патишта, косење на трева и кастрење на гранки.
Благодарност до сите што помогнаа за реализација на овој проект!