Активности

Општина Градско започна со реализација на проектот „Отпад до храна – органскиот отпад во зелената економија“ чија главна цел е да го поддржиме зелениот економски развој.
Изработена е анализа за количината и видот на органски отпад, по сезони и енергетска вредност, како и студија за економската исплатливост за општините да склучат договори за јавно – приватно партнерство во оваа област.
Поставени се 10 наменски контејнери за собирање и селекција на органски отпад, кој досега вообичаено завршуваше на нивите или на депониите заедно со останатиот комунален отпад. Потенцијалот за користење на органскиот отпад како суровина се огромни и токму тоа е фокусот на идните активности во рамки на овој проект.
 Проектот „Отпад до храна – органскиот отпад во зелената економија“ се имплементира со финансиска поддршка на Министерството за финансии на Република Словачка, Министерство за финансии на РСМ и УНДП.