Oд страна на сите градоначалници едногласно беше донесена Одлука за финансирање и утврдување на модел за функционирање на стационарот кој ќе биде финансиран регионално од сите општини и во вредност од 10.216.875 денари.
Изградбата е финансирана од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската амбасада и истата се очекува да започне на пролет, а со него ќе управува јавно претпријатие.
Ова е прв регионален центар на ниво на Република Македонија кој ќе означи почеток на згрижување на миленици што ќе придонесе кон надминување на проблемот со истите во иднина.