Јавен повик!

605

Почитувани жители на општина Градско,
на 08.04 и 09.04.2021 година, територијата на општина Градско западна под неповолни климатски услови со нагло спуштање на температурите, со што се создадоа потенцијални услови за нанесување штети од мрзнење на овошните насади кои веќе интензивно се во пролетна вегетација.
Доколку забележите во Вашите овошни насади штета од мрзнење предизвикана во овој временски интервал обратете се во општина Градско до Комисијата за проценка на штети од природни непогоди и други несреќи и проценка на штета на полски имот, во рок од 7 дена, односно од 14.04.2021 до 21.04.2021 година.
Службите во општина Градско ќе Ви помогнат да потполните бланко барање со кое ќе ја пријавите Вашата штета, со што ќе отпочне постапка за нејзино утврдување и надоместок.