Честит Илинден Македонци!

450

Илинден има посебно значење во историјата на македонскиот народ. Еден датум, еден народ – два празника.
Илинденците го остварија сонот на илјадници Македонци и трајно се вградија во темелите на независна, самостојна држава Република Македонија.
Македонскиот народ е горд на своите херои, на својата историја и никогаш нема да се заборави илинденската епопеја.
Од мое лично име и од името на членовите на Советот на Општина Градско, Ви го честитам 2-ри Август, Илинден – Денот на непокорот и
изворот на слободата на Република Македонија, а на сите жители на с.Виничани им ја честитам славата.
Нека е за многу години!
Нека ни е честит и вековит!
Да живее Илинден!
Да живее Република Македонија!

Градоначалник на општина Градско, Киро Нацков.