Почитувани,
Ви го честитам големиот христијански празник 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј и Денот на просветните работници.
Солунските браќа им подарија светлина на словенските народи, им ги отворија тајните на книгите, им помогнаа да го запишат и сочуваат културното наследство за следните генерации.
Глаголицата што ја создадоа македонските браќа е основата на денешниот македонски пишан збор и широко отворен прозорец за негово презентирање во светот.
Нека ни е честит овој велик ден.
На сите просветни работници им го честитам празникот со желба да ја продолжат просветителската мисија на првите учители. Нека е за навек споменот на светителите.
На сите што го празнуваат овој празник како домашна слава им го честитам.
Исто така им го честитам и именденот на сите оние што го носат името Кирил или Методиј.
Нека е за многу години!
Градоначалник на општина Градско, Роберт Бешовски.