Честитка од Градоначалникот Нацков, по повод 11-ти Октомври!

218
Почитувани,
македонскиот народ за својата слобода се борел со векови. На овој ден, 11-ти Октомври 1941 година, започнува Народно-ослободителната борба на македонскиот народ.
Денес, заедно со претставници од Советот на општина Градско, како и претставници од Здружението на пензионери положивме свежо цвеќе на Споменикот на загинатите борци во Градско.
Во име на историската вистина, во име на јунаците и храброста, Ви го

честитам 11-ти Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ и Денот на борецот.
Нека е за многу години!
Да живее 11-ти Октомври 1941 година!
Да живее Република Македонија!
Градоначалник на општина Градско, Киро Нацков.