Честитка од Градоначалникот Нацков, по повод 5-ти Октомври, Светскиот ден на учителот!

234
Почитувани учители, наставници, професори, едукатори!
Денес е Ваш ден, ден кога длабоко се поклонуваме пред Вашата благородна мисија, трпение и упорност, пред силата на волјата и љубовта со која ги обликувате нашите најголеми скапоцености – децата.
И не е случајно што Вашиот ден е во рамките на Светската недела на детето, затоа што Вас учителите и децата Ве поврзува најголемата врска – довербата.
Ви благодарам што со голема посветеност ги учите, ги описменувате нашите деца и им ја отворате најголемата врата на животот! Се гордееме со Вас! Нека Ви е честит денот на учителот 5-ти Октомври!
Градоначалник на општина Градско, Киро Нацков!