Честитка од Градоначалникот Нацков по повод 24 Мај, Денот на македонските просветители!

429

Почитувани,
Денес е голем ден – празник на кирилското писмо, празник на пишаното наследство на македонскиот народ и целиот сесловенски свет, ден посветен на светите браќа Кирил и Методиј.

На овој ден се потсетуваме на делата што ги оставија на сите идни генерации како најголемо најголемото богатство и најсилно оружје. Како минат вековите така наследството станува помоќно и посилно. Сега образованието – писменоста е задолжителна за секој човек, сега секоја мисла и порака, па и оваа честитка за празникот е запишана на наш, македонски јазик, со наше кирилско писмо. Светите браќа ни овозможија рамноправност со милиони луѓе, а со тоа го трасираа и патот за ширење на христијанството и христијанските вредности. Ликот и делото на Светите Кирил и Методиј се и дел од македонскиот идентитет, јазик, историја и култура.

Ако нивните ученици Климент и Наум беа првите мисионери што ја ширеа писменоста, тоа денес се сите просветни работници што ги описменуваат нашите деца, тоа се универзитетските професори, писателите, научниците што ја прославуваат македонската нација, јазик и култура токму со кириловото писмо.

Затоа од мое име и од име на Советот на Општина Градско, на сите граѓани им го честитам државниот празник, а на сите просветни работници празникот на просветните работници – 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, браќата Свети Кирил и Методиј.

Исто така упатувам честитки до сите семејства кои овој ден го имаат за куќна слава и сите што го слават својот именден.
Нека е за многу години!