Честитка од Градоначалникот Нацков, по повод Велигденските празници!

318

Од мое лично име и од името на Општина Градско, на сите православни верници им го честитам големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден.

Ви посакувам најголемиот христијански празник да го поминете во добро здравје, радост, мир, љубов и благосостојба.
Со верба и надеж во Бога, во заедништво, со почит и со толеранција еден кон друг ќе успееме да обезбедиме подобра иднина за сите граѓани и да ги надминеме сите предизвици со кои се соочуваме.

Имајте убави празнични денови!
Нека е честит и вековит Велигден!