Честитка од Градоначалникот Нацков, по повод 8-ми Април, Светскиот ден на Ромите!

331

Денес ја славиме уникатната култура на Ромите!
Bahtalo Maškarthemutno Dive e Romengoro! Честит меѓународен ден на Ромите!

На сите граѓани од ромска националност им го честитам 8 Април – светкиот ден на Ромите. Во општина Градско тие се (Вие сте) рамноправни граѓани, горди на својата националност, добри соседи и пријатели. Да помогне во нивната (Вашата) целосна еманципација и едукација, особено во вклучувањето на ромските деца во редовниот образовен процес. Ром значи човек со сите атрибути – културни вредности, традиција, емпатија и солидарност.
Ромските граѓански организации ја обновија соработката со општина Градско и во нас препознаа партнер за своите сегашни и идни проекти.