Честитка од Градоначалникот Нацков, по повод 8-ми Ноември, Денот на ослободување на Градско!

503

Почитувани жители на Општина Градско! Денес се навршуваат 77 години од 8-ми Ноември 1944 година, датум кој со светли букви е запишан во историјата на Градско. На овој ден партизанските одреди поддржани од локалното население по ослободувањето на Неготино ги уништија фашистичките окупаторски сили од нашата територија и го продолжија својот поход кон Велес и Скопје.

Во оваа пригода Ви го честитам Денот на ослободувањето и искажувам огромна благодарност кон сите револуционери што ги вградија своите животи за да обезбедат слобода и создавање сопствена држава – Република Македонија.

Воедно на овој свет ден Митровден, упатувам честитки до сите чиј домашен светец заштитник е Св.Димитрија, а на сите што го носат ова име им го честитам именденот.