Честитка од Градоначалникот Бешовски, по повод Меѓународниот ден на Бошњаците!

450

Со искрени желби за добро здравје, среќа и напредок на секој план на припадниците на Бошњачката заедница им го честитам 28-ми Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците. Бошњаците биле и ќе бидат значаен дел од нашата мултиетничка и мултикултурна општина.
Само заедно сплотени и единствени, почитувајќи си ги различностите можеме успешно да ја градиме нашата и иднината на нашите деца. Само заедно можеме да изградиме посреќна и просперитетна општина.
Честит празник!